ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Од:

Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (VBIF), Европската унија одобри дополнителни 1,2 милијарди евра за подобрување на железничката инфраструктура и управувањето со водите.

VBIF на својата веб-страница објави дека оваа сума најмногу е наменета за модернизација на железницата со цел да се зголеми брзината на возовите во Србија и управувањето со водите и изградбата на потребната инфраструктура во Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Иницијативата годинава ќе поддржи вкупно осум проекти од областа на водоснабдувањето, канализацијата и прочистувањето на отпадните води, железничкиот сообраќај, вклучително и зелената трансформација на малите и средни претпријатија.

Инвестициската рамка главно се финансира од ЕУ со придонеси од земјите-членки на Унијата, Норвешка и меѓународни финансиски институции.

Досега, ЕУ има одобрено програми во вредност од 17,5 милијарди евра во областа на Западен Балкан во рамките на Економскиот и инвестицискиот план, вклучително и 5,4 милијарди евра грантови од ЕУ.

VBIF е заедничка финансиска платформа лансирана пред 15 години, која ги обединува Европската комисија, финансиските организации, земјите-членки на ЕУ и Норвешка, со цел да се подобри соработката во инвестициите во јавниот и приватниот сектор.

Би можело да ве интересира

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија