ЕУ нуди решение за Северно Косово според планот на Ахтисари

Од:

На следниот состанок на 17 јануари меѓу премиерите на Србија и на Косово во Брисел, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон ќе изнесе предлог за решавање на прашањето за северниот дел на Косово, кое не излегува од рамките на планот на Марти Ахтисари, дознава приштинскиот весник „Експрес“.

Извори на весникот тврдат дека Ештон на преговарачката маса ќе претстави предлог, кој има за цел да го реши прашањето на северниот дел од Косово, а кој го подготвил еден западен дипломат директно вклучен во процесот на разговорите меѓу Приштина и Белград.

Предлогот не излегува од рамките на планот на Ахтисари, кој дозволува директна соработка на мнозинските српски општини со Белград. Според овој предлог, на општините на северот им се нуди зачленување во специфични европски механизми кои промовираат општинска и регионална соработка и во кои главно членуваат асоцијации на општини.

Таков механизам е Советот на европски општини и региони, кој всушност е најголема организација на локална и регионална самоуправа во Европа.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски