Европската унија оцени дека парламентарните избори кои викендов ќе се одржат во Албанија ќе бидат тест за демократските институции на државата.
Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон и европскиот комесар за проширување Штефан Филе во заедничко соопштение рекоа дека изборите мора да бидат одржани во рамките на меѓународните и европски стандарди и дека мора да ја зајакнат довербата на јавноста во изборниот процес.
Конзервативниот премиер Сали Бериша по трет пат се кандидира против Едиј Рама од главната опозициска Социјалистичка партија.
Изборите се сметаат за важен чекор во остварување на целта, Албанија да стане дел од ЕУ.
Во минатото изборите беа одбележани со насилство, нерегуларности и застрашувања, наведе „Асошиејтед прес“.
Елена Георгиевска