Германија и останатите држави на ЕУ денес во Луксембург ќе ги продолжат преговорите за членство на Турција во ЕУ и покрај повеќенеделните антивладини протести против премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле пред состанокот на министерите за надворешни работи на ЕУ изјави дека не смеат да дозволат дијалогот да се прекине.
Германија го блокираше идниот чекор во преговорите за членство на Турција во Унијата минатата недела, но останатите држави-членки, вклучувајќи ги и Шведска и Белгија се согласија дека треба да се гледа напред во однос на постоечките политички судири.
Советот за надворешни работи на ЕУ денес ќе се сретне со министрите на државите-членки, под водство на високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедност, Кетрин Ештон и би требало да се донесе одлуката дали ќе се отвори ново подглавје во регионалните политики.
Елена Георгиевска