Ескобар: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ единствен одговор на економската криза

Од:

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска изјави дека нема алтернатива за европската интеграција на Западниот Балкан и оти помагањето од ЕУ на тој процес е единствениот одговор на претстојната економска криза предизвикана од војната во Украина.

На вториот ден од Бледскиот стратешки форум што ги собра лидерите од регионот и другите европски земји, Ескобар рече дека ЕУ мора да направи многу за да го поедностави процесот на интеграција.

„Но, многу повеќе мора да направат владите на државите од своја страна за да се овозможи процесот на интеграција, додека некои држави воопшто не ги исполнуваат своите обврски“, рече заменик-помошникот државен секретар на САД.

Ескобар рече дека единствениот одговор на економската криза што надоаѓа е економската интеграција на регионот и оти ја поддржува секоја иницијатива од тој тип, вклучително и иницијативата „Отворен Балкан“.

„Не ни треба нова стратегија за интеграција. Треба да вложиме двојно повеќе енергија во спроведувањето на стратегијата што ја имаме сега“, рече тој на панелот одржан под наслов „Европската унија и Западен Балкан: Кој е подготвен“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ