Ештон во посета на Приштина

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денес ќе се сретне со политичките претставници на Приштина.

Таа во Приштина допатува вчеравечер, а серијата од денешните средби ќе ја започне со разговорот со претседателката на Косово, Атифе Јахјаги и премиерот Хашим Тачи.

Ештон со Тачи ќе разговара за понатамошниот дијалог за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина и подготовките за наредниот состанок најавен за 20-ти март.

Планирана е и средба на Ештон со претставниците на политичките партии на Косово на која треба, како што изјави Тачи да се објаснат сите дилеми околу процесот на разговор на премиерите на Косово и Србија.

Тачи пред пристигнувањето на Ештон изјави дека очекува посетата да биде поттик за постигнување договор за нормализација на односот со Белград и дека разговарал со заменик помошникот на државниот секретар на САД, Филип Рикер во врска со процесот на резговорот кој го води Брисел.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ вчера изјави дека доаѓањето на Ештон во Белград е неизвесно и дека Брисел нема потврда за нејзино доаѓање, додека американскиот амбасадор Мајкл Кирби очекува по посетата на Приштина да дојде во Белград.

Премиерот Дачиќ оцени дека посетата на Ештон како и состанокот во Брисел 20- март зависат од нејзините процени по посетата на Приштина.

Ниту во Брисел вчера не можеле да потврдат дали високата претставничка по Приштина ќе го посети Белград.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица