Ештон: Следниот месец ќе се разговара за северниот дел на Косово

Од:

Крајната цел на дијалогот, кој под покровителство на ЕУ се одржува меѓу Белград и Приштина, е стабилен и безбеден Балкан, со перспектива еден ден да се приклучи во Унијата. На следниот состанок на 17 јануари ќе се разговара и за северниот дел на Косово, најави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Таа во интервју за весникот „Вечерње новости“ изјави дека во продолжение на преговорите двете страни ќе можат да сугерираат со кои теми и проблеми сакаат да се занимаваат, но дека на состанокот на 17 јануари ќе биде прегледан остварениот напредок, посебно по прашањето за интегрирано управување со премините, како и за северниот дел на Косово.

Ештон истакна дека не е изненадена од напредокот на дијалогот меѓу Србија и Косово, дека е задоволна од првите конкретни резултати, но постојат уште многу работи кои треба да се направат.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски