Ештон: Нема да барам од Николиќ да го признае Косово

Од:

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон на словенечкиот претседател, Иван Гашпаровиќ му кажала дека нема да бара претседателот на Србија, Томислав Николиќ да ја признае независноста на Косово.

Не барам претседателот Николиќ да го признае Косово, ниту пак ќе барам. Единствено што сакам е да не се игнорираат луѓето кои што живеат на северот на Косово и чиј живот не е лесен – изјави Ештон.

Таа исто така истакна дека ситуацијата околу независноста на Косово не може да се врати назад, и дека поради луѓето односите помеѓу Белград и Приштина мора да се решат.

Според зборовите на претставничката на ЕУ, на косовските Срби треба да им се даде статус да не се чувствуваат како да се отфрлени од општеството, туку да ги признаат.

Приштина и Белград треба да го продолжат дијалогот. Доколку Србија ги исполни нашите барања ќе започеме со неа преговори за датум – истакна Ештон.

Претседателот Гашпаровиќ на Ештон и нагласил дека неговата држава се надева дека на Србија што поскоро ќе и се даде датум за почеток на преговори.

Нашиот став кон независност на Косово не е променет. Во потполност го подржуваме дијалогот помеѓу Белград и Приштина – изјави Гашпаровиќ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски