Границите на Западен Балкан нема повеќе да се менуваат, тие се фиксирани, изјави шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец, за новинската агенција Анадолија.
– Секако, тука и таму постојат некои нејаснотии или можеби две земји имаат различно мислење за тоа каде е навистина границата, посочи Ерјавец.
Тој потсети дека Словенија има проблем околу границата со Хрватска, кој наскоро ќе биде решен „на цивилизиран начин“ односно пред Арбитражниот суд во Хаг.
– Во септември очекуваме конечна одлука и двете држави ќе ја почитуваат, посочи Ерјавец, додавајќи дека „единствен прав рецепт за е сите проблеми да се решаваат со дијалог“.
Словенечкиот министер за надворешни работи осврнувајќи се на евроатлантските интеграции на земјите од регионот посочи дека Црна Гора е има најдобра перспектива.