Ердоган: Жените и мажите не можат да извршуваат иста работа

Од:

Жените и мажите не можат да извршуваат иста работа, бидејќи тоа е во спротивност на закониоте на природата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Не можете да поставите една мајка, која дои, на иста функција и да имате исти очекувања од неа како од мажот, кој нема такви одговорности. Приоритет на жените треба да биде мајчинството, бидејќи тоа е правилниот исламски начин на живот, истакна Ердоган на конференцијата во Истанбул, посветене на жените и праведноста.

Тој посочи и дека не може да се натераат жените да извршуваат исти работи како мажите, како во некогашните комунистички режими.

– Да и дадете лопата и да ја натерате да работи? Не можете да го направите тоа. Тоа е во спротивност на нејзината деликатна структура, наведе Ердоган, кој се залага секое турско семејство да има најмалку три деца.

Според податоци на Светска банка, учеството на жените во работната сила на Турција е ниско – 29 проценти, додека во Германија и во САД е 57 отсто.

Голем број на жените во Турција се жртви на семејно насилство. Во 2013 година 214 жени биле убиени од нивните партнери.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ