Ердоган: Турција за бегалците потрошила над 20 милијарди долари

Од:

Турција за бегалците потрошила над 20 милијарди долари, изјави денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган во обраќање на отварањето на Седмиот глобален форум на иницијативата на Обединетите нации Сојуз на цивилизации во Баку, јави ТАСС.

– Турција досега примила три милиони бегалци од Сирија и Ирак и за нив потрошила десет милијарди долари. Ако се вклучат и трошоците на невладините организации, тогаш станува збор за повеќе од 20 милијарди долари, рече Ердоган.

Тој нагласи дека вратите на Турција, за разлика од оние на Западот, се отворени за бегалците.

– Ние за разлика од некои западни држави, не ги затвораме вратите пред нив, додаде турскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ