Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во интервју за германската државна телевизија АРД ги обвини европските лидери за неискреност, потенцирајќи дека смртната казна е желба на турскиот народ.
Тој посочи и дека Европската унија и дала на Турција само два милиона евра од ветените три милијарди за справување со бегалската криза.
– ЕУ исто така не го исполни ветеното за укинување на визите за турските граѓани, посочи Ердоган.
На прашањето на новинарот на АРД за тоа како Турција ќе се справи со тероризмот. Ердоган рече, Турција веќе 30 години се бори со терористите од ПКК кои се поддржани од Западот.
Тој зборувајќи за владините планови за повторно воведување на смртната казна наведе дека тоа е волја на турските граѓани и оти таква казна постои секаде со исклучок во Европа.
– Ако сме во една демократска и правна држава тогаш луѓето одлучуваат. А што денес кажува народот? Тој сака смртната казна повторно да биоде воведена. Европа е единственото место каде нема смртни пресуди, истакна Ердоган.
Во исто време портпаролот на Европската комисија. Маргаритис Схинас го демантираше Ердоган наведувајќи дека ЕУ се придржува до преземените обврски од Договорот со Турција.
– ЕУ се придржува до ветувањата и спротивните тврдења се лажни. Околу 740 милиони евра веќе и се дадени на Турција како помош за бегалците, а до крајот на месецот се очекува сумата да порасне до 2,1 милијарди евра, потенцира Схинас.
Тој додаде дека парите се „за бегалците и за тие што ги прафаќаат, а не за Турција и Владата“.
– ЕК очекува соработката за бегалците и миграцијата со Турција да продолжи, наведе Схинас.