Ердоган: Турција нема да дозволи да биде ставена пред свршен чин во северна Сирија

Од:

Сирија уште еднаш стана тест за меѓународната заедница, а оние кои останаа само набљудувачи на крвопролевањата ја загубија довербата на сопствениот народ, изјави синоќа турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во месечното обраќање до нацијата.

– Во момент кога ѕверствата на режимот на Башар ал Асад продолжуваат во северна Сирија, ние треба да посветиме внимание и да размислиме за тоа дека постојат обиди да бидеме ставени пред свршен чин, нагласи Ердоган.

Тој додаде дека Турција е подготвена да продолжи со активната улога и да преземе решителни чекори против секое дејствие и секоја иницијатива, кои ќе претставуват закана за нејзината национална безбедност и нејзиниот мир.

Анкара е загрижена поради преминувањето на некои региони во северна Сирија под контрола на Партијата на демократскиот сојуз, која се смета за сириски клон на Курдската работничка партија.

Ердоган минатата недела изјави дека Турција може да преземе акции против „терористичка организација“ во северна Сирија, доколку процени дека таа претставува закана за неа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски