Ердоган: Турција ќе нападне со целата моќ, ако е потребно

Од:

„Турција нема да се откаже за да и им го покаже местото на криминалните држави, кои ја загубиле легитимноста пред народот, тие кои вршат државен терор врз својот народ и ја поставуваат под знак прашалник големината на Турција“, изјави турскиот премиер Реџерп Таип Ердоган.

Неговата изјава уследи по понеделничкиот коментар на сирискиот претседател Башар ал Асад дека неговата земја се наоѓа „во вистинска состојба на војна, во буквална смисла на зборот“.

„Ние вложуваме големи напори за да го заштитиме мирот, да ја заштитиме слободата, да ја отстраниме секоја закана по Турција, по нејзиното единство и целост. На непријателското однесување, нападите и заканите ќе одговориме на најсилен начин со целата моќ и во истовреме и со силата и инспирацијата, кои ги црпиме од историјата“, предупреди Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски