Ердоган: Турција ќе ги прекине односите со Израел ако Ерусалим биде признат за израелски глаевн град

Од:

Евентуалното признавање на Ерусалим за израелски главен град од страна на САД, може да доведе до прекин на односите меѓу Турција и Израел, најави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Ќе ја водиме таа битка решително и до крај. Тоа може да доведе до прекин на нашите дипломатски односи со Израел, изјави Ердоган, додавајќи дека статусот на Ерусалим е „црвена линија за муслиманите“.

Портпаролот на турската Влада, Бекир Боздаг вчера изјави дека промената на „историскиот статус“ на Ерусалим би предизвикала „голема катастрофа“ и би „означила крај на мировниот процес“ на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху вети дека ќе им се одмазди на јеменските Хути

Штрајк на наставниците во Тел Авив, судот го ограничува времетраењето на прекинот на работата

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

(ВИДЕО) Балистичка ракета го погоди аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, има повредени

Горан Наумовски

Израелската влада го повика Катар да „престане да си игра игри“ и со Израел и со Хамас во преговорите

Израелската армија мобилизира резервисти