Ердоган: Турција го има најслободниот печат во светот

Од:

Турција има најслободен печат во светот, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, отфрлајќи ги на тој начин критиките дека медиумските слободи се сериозно ограничени за време на неговото владеење, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Никаде низ светот печатот не е послободен отколку во Турција. Многу сум сигурен во себе кога ова Ви го кажувам, изјави Ердоган во говор на конференција во Анкара, што директно беше пренесувана на телевизија.

-Печатот е толку слободен во Турција што човек може да  упати навреди, клевети, расистички пораки и говор на омраза, кои не се
толерирани дури ни во демократските земји, рече Ердоган.

„Јас лично го преживаев тоа, а, исто така, и моето семејство“, посочи тој.

Турција  во текот на 2012 и 2013 година беше најголемиот затвор за новинари, застанувајќи пред Иран и Кина, смета Меѓународниот комитет за заштита на новинарите, а годинава се најде на десетото место, забележува „Хуриет дејли њуз“.

Коментарот на Ердоган е даден на помалку од две недели по полициските упади во опозициските медиуми, што беа поврзувани со главниот политички противник на Ердоган – проповедникот Фетула Ѓулен кој живее во САД.

Полициските акции предизвикаа остра реакција од ЕУ, потсетува весникот.

Ердоган го обвинува Ѓулен за фабрикување на тврдењата за корупција, кои се појавија уште минатата година, а беа повразни со министри и неговиот внатрешен круг на луѓе, меѓу кои беше и неговиот син Билал.

Неговата изјава, исто така, се совпадна со ослободувањето на 16-годишно момче, кое очекува судење, а беше уапсено заради навреда на Ердоган.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ