Ердоган: Продолжува офанзивата против ПКК

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ќе продолжи офанзивата против бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) се додека „не остане ниту еден терорист“.

– Ние ќе ја продолжиме нашата борба додека не го положат оружјето и не остане еден терорист во нашите граници, истакна Ердоган, додавајќи оти воздушните напади на турската армија врз позиции на ПКК  нанеле „сериозни загуби“ на групата.

Тој посочи и дека се преземени „ефикасни операции“ против Исламска држава.

– Ние не правиме разлика меѓу терористичките организации. Каква и да е нивната цел, една терористичка организација за нас е терористичка органзиација, наведе турскиот претседател.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски