Ердоган: Преместувањето на гробницата од Сирија не е повлекување

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека воениот упад во Сирија за преместување на гробницата на Сулејман Шах, што се смета за суверена турска држава, е времена мерка поради безбедносни причини, а не повлекување.

– Операцијата во врска со гробницата Сулејман Шах не е повлекување, тоа е времен чекор со цел да не бидат изложени на опасност животите на војниците, изјави Ердоган во Анкара.

На 21 февруари турската армија изврши операција во Сирија, за евакуирање на турски војници, што ја обезбедуваат гробницата на Сулејман Шах, дедото на основачот на османлиската држава Осман Први. Одлуката за властите беше поради влошувањето на ситуацијата во регионот на гробницата, што е под контрола на групата „Исламска држава“.

Гробницата на Сулејман Шах, која е уништена во операцијата на армијата, се смета за мала турска енклава во Сирија од неколку стотина квадратни метри.

Операцијата, во која учествуваа тенкови, беспилотни и разузнавачки авиони, како и неколку стотина војници, е прва акција на турската армија во Сирија од почетокот на граѓанската војна пред четири години.

Гробницата на Сулејман Шах се смета за турска територија според договор од 1921 година меѓу Франција, што тогаш ја укупира таа територија, и Турција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ