Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го повика денеска Советот за безбедност на Обединетите нации да одржи итна седница, на која ќе биде разгледана ситуацијата во Сирија, која ја оцени како масакр.
– Оние кои го премолчуваат овој масакр се исто толку виновни, колку и оние кои го извршиле. Советот за безбедност на ОН треба итно да заседава, истакна Ердоган на прес-конференција во Анкара.