Ердоган: Опозицијата е поддржувана од терористи, хомосексуалци и атеисти

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека опозицијата е поддржана од терористи, хомосексуалци и атеисти, пренесува БТА.

Тој, во предизборен говор во градот Бинѓол, југоисточна Турција, истакна дека опозицијата е поддржувана од терористичка организација која годинава уби обвинител. Ердоган наведе и дека опозицијата е поддржувана од медиумски групи кои имаат за цел да го соборат од власт.

– Ерменското лоби, хомосекусалците, Алевитите без Али, сите тие се претставници на антидржавна дејност, посочи Ердоган.

Алевитите се големо религиозно малцинство во Турција, чии припадници се противници на владејачката Партија на правдата и развојот, чиј основач е Ердоган.

Во согласност со турскиот Устав, претседателот на државата е надпартиска фигура и не би требало да учества во предизборна кампања. Но, Ердоган речиси секој ден држи говори во која ја напаѓа опозицијата и ја фали владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ