Ердоган официјални ги распиша изборите, најверојатен датум е 1. ноември

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално вчера објави одржување на предвремени избори, со цел да го прекине политичкиот „ќорсокак“, кој се појави по парламентарните избори во јуни.

Одлуката на Ердоган за предвремени избори следеше по состанокот со претседателот на Парламентот Исмет Јилмаз.

Иако точниот датум на изборите не е официјално објавен, претседателот претходно најави дека гласањето би можело да се одржи на 1 ноември.

– Во согласност со Уставот, претседателот одлучи изборите за турскиот Парламент повторно да бидат одржани, се наведува во соопштението на Претседателството и се додава дека одлуката е донесена, откако истекол крајниот рок за формирање на влада од 45 дена.

Ердоган денека ќе се состане со турскиот премиер Ахмет Давутоглу со кого ќе разговара за преодната влада, која Турција ќе ја води до изборите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ