Ердоган не планира откажување на форумот Турција-Африка поради еболата

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го отфрли советот да го откаже вториот Форум за соработка на високо ниво Турција-Африка во Малабо, главниот град на Екваторска Гвинеја, поради епидемијата на ебола, соопшти весникот „Хуриет дејли њуз“.

Ердоган инсистирал да продолжи подготовката на планираниот самит со цел да се демонстрира солидарност со земјата домаќин, наведува весникот, повикувајќи се на виоски претставници од турското министерство за надворешни работи.

Турскиот претседател ќе присуствува на самитот во Малабо на 20 и 21 ноември.

Турската делегација предводена од претседателот Реџеп Тајип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе брои и околу 200 бизнис лидери. На средбата ќе присуствуваат и голем број африкански лидери.

На форумот се очекува да биде донесена заедничка декларација и палн за акција за турско-африканско партнерство во периодот 2015-2018 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ