Ердоган: Наместо да ја пофали Турција, Западот ги поддржува пучистите

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги отфрли критиките од Западот поради масовните притворања во Турција по несупешниот обид за пуч и порача дека наместо да ја пофалат земјата поради спречувањето на превратот, западните држави „застанале зад пучистите“. 

Ердоган нагласи дека бројот на притворени дополнително ќе се зголеми, доколу се открие дека уште луѓе го поддржувале обидот за пуч. 

Досега околу 16.000 лица се притворен поради сомнеж за поврзаност со превратот, додека поради истото обвинение од работа се отпуштени околу десет илјади државни службеници. 
Во меѓу време, турскиот премиер Бинали Јилдирим најави дека Турција ќе ги затвори воздухопловните бази кои се наоѓаат близу до Анкаеа, како и касарните кои ги користеа пучистите за време на неуспешниот обид за преврат од пред две недели.

По неуспешниот пуч, во кој загинаа 290 луѓе, Турција воведе вонредна состојба и започна да применува остри мерки против осомничените за врски со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, и кого Владата го обвинува за организирање на пучот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ