Ердоган најави нормализација на односите со Израел

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таjип Ердоган соопшти дека во следните неколку недели може да дојде до нормализација на односите на неговата земја со Израел, четири години по израелскиот напад врз турскиот брод „Мави Мармара“ од меѓународната флотила за помош за Газа, што предизвика криза во билатералните дипломатски односи.

Ние се договоривме за отштетата. Испраќањето хуманитарна помош за Палестинците преку Турција е друга етапа од преговорите и по завршувањето на оваа етапа можеме да пристапиме кон процес на нормализирање, изјави Ердоган во интервју за американскиот телевизиски канал ПБС.

– Јас веќе зборував со моите колеги од министерството и мислам дека тоа е прашање на денови, на недели, прецизира турскиот премиер.

Процесот на нормализација може да почне и првата етапа на овој процес ќе биде несомнено испраќањето амбасадори, потенцира Ердоган.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу на крајот на март изјави дека е блиску до постигнување спогодба за исплаќање на оштетта од страна на Израел на семејствата на деветмината турски државјани, кои беа убиени во нападот.

Немањето спогодба за ова прашање беше основната пречка за нормализирање на дипломатските односи меѓу двете земји.

Во израелскиот упад на турскиот брод „Мави Мармара“ од меѓународната флотила со помош за Газа, на 31 мај 2010 година, беа убиени деветмина турски државјани.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во март минатата година и официјално и се извини на Турција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ