Мохамед Морси останува претседател на Египет, изјави синоќа турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.
Тој истакна дека ги смета за невозможни дури и телефонските контакти со новиот египетски потпретседател одговорен за меѓународните прашања, Мохамед ел Барадеј, нагласувајќи дека поранешниот генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) „не e избран, туку е именуван по државен удар“.
– На претседателските избори во Египет минатата година Барадеј освои само 1,5 отсто од гласовите, а Мохамед Морси 52 процента. Јас го сметам Морси за претседател на Египет, бидејќи го почитувам народот на оваа земја, нагласи Ердоган, кој неодамна го отфрли предлогот за средба со Барадеј.
Според него, протестите на исламисите во Египет против смената на Морси претставуваат „законска борба на Египќаните против превратот“.