Ердоган: Мицотакис „повеќе не постои“ за мене, никогаш нема да се согласам за средба со него

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повеќе не постои за него по забелешките и критиките дека при неодамнешна посета на САД се обидел да ја блокира продажбата на борбени авиони на Турција.

Во телевизиско обраќање по состанокот на владата, Ердоган рече дека Мицотакис зборувал против Турција и побарал од Конгресот на САД да не дозволи авионите Ф-16 да и се продаваат на Турција.

– Минатата недела тој ги посети САД и зборуваше во Конгресот и ги предупреди да не ни даваат Ф-16, истакна тој.

– Тој веќе не постои за мене. Никогаш нема да се согласам да се сретнам со него. Ќе продолжиме напред со чесни политичари. Ердоган додаде дека состанокот на Стратешкиот совет планиран да се одржи наскоро со Грција повеќе нема да се одржува.

Администрацијата на Џо Бајден бара од Конгресот да ја одобри продажбата.

За време на неговата посета на Вашингтон минатата недела, Мицотакис предупреди на заедничката седница на Конгресот против поддршката на предложената воена продажба на авиони на Турција, тврдејќи дека таквиот потег може да создаде дополнителна нестабилност во регионот.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите

Ердоган: Дајте и шанса на дипломатијата, Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го запре угнетувањето во Газа