Турција ќе воведе нови санкции за северен Ирак во врска со референдумот за независност, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Ние во моментов воведовме некои санкции за северен Ирак, но ако не се вразуми, тие ќе продолжат да се заоструваат, рече турскиот претседател пред пратеници од неговата партија.
Ирачките Курди масовно го поддржаа референдумот за независност минатата недела, игнорирајќи ги предупредувањата од соседните земји, вклучително и Турција, дека изборите можат да го разгорат курдскиот сепаратизам и во нивните граници, што ќе доведе до нов конфликт.