Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе се кандидира за претседател на изборите следната година.
Согласно внатрепартиските правила на неговата исламистичка партија на правдата и развојот, Ердоган нема право да биде премиер по изборите во 2015 година, поради лимитот од три последователни мандати.
Ердоган цели кон претседателската функција, која во моментов е повеќе церемонијална, со идеја да го промени уставот и институцијата претседател да биде реформирана по моделот на САД.
Сегашниот турски претседател Абдула Ѓул, кој се смета за поумерен политичар, досега не излезе со став дали ќе му биде конкурент на Ердоган.