Ердоган: Изразувам сочувство за загинатите во Кочани

Од:

Претседателот на Турција – Реџеп Тајип Ердоган упати писма со сочувство за загинатите во трагедијата што се случи во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски.

– Со длабока жал ја примив веста за лицата кои загинаа и се повредија при пожар што се случи во градот Кочани, Македонија. Изразувам сочувство до Вашата Државничка Висост и сите граѓани на братска и пријателска Македонија, на чело со блиските на загинатите, додека на ранетите им посакувам брзо заздравување – се вели во писмото од турскиот претседател Ердоган.

Амбасадорот на Турција, Н.Е. Фатих Улусој на 17.03.2025 се потпиша во книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија за лицата кои ги загубија своите животи за време на пожарот во Кочани.

Би можело да ве интересира

Путин – Ердоган: Интензивните борби на Блискиот Исток носат ризици што ги надминуваат границите на регионот

А1он

Ердоган: Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран

А1он

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Ердоган за конфликтот во Иран: Овој оган мора да се изгасне пред да се рашири!

А1он

Муцунски во Истанбул на средба со Ердоган

А1он

Трамп го покани Ердоган во „Комитетот за мир“

А1он