Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го обвини Израел дека ја користи борбата против тероризмот како оправдување да ја преземе контролата над светите мести во Ерусалим за муслиманите.
Ердоган се обрати на пратениците од неговата партија во Парламентот и ги повика муслиманите да ги бранат светите места, посетувајќи го Ерусалим во секоја прилика или испраќајќи помош на муслиманите во тој град.
Тој ја поздрави одлуката на Израел да ги повлече детекторите за метал од местото еднакво свето за Евреите и за муслиманите познато меѓу Евреите како Ридот на храмот, а меѓу муслиманите како Харам ал -Шариф.
Тој рече дека нема да се согласи со мерките кои ги третираат муслиманите кои сакаат да извршат молитва како „терористи“.
– Тоа што сега се прави е користење на борбата против тероризмот како оправдување за одземање на џамијата Ал Акса од муслиманите. Нема друго објаснување за тоа, рече Ердоган.