Ердоган исклучува можност за пролонгирање на рокот за формирање влада

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека нема ингеренци да го продолжи 45-дневниот краен рок за составување на влада, што се интерпретира како знак дека тој сака предвремени избори.

Тој наведе дека ќе ги преземе само неопходните чекори, според неговите ингеренции, во рамките на 45-дневниот рок.

Ердоган неколку дена по парламентарните избори на 7 јуни изјави дека предвремени избори ќе бидат неопходни ако Партијата на правдата и развојот (АКП) и Републиканската народна партија (ЦХП), кои освоија најголем број гласови не успеат да состават влада во рок од 45 дена.

На 9 јули Ердоган на лидерот на АКП, Ахмет Давутоглу му врачи мандат за формирање на влада, а рокот истекува на 23 август.

Според Уставот на Турција, ако не се формира влада во дадениот рок шефот на државата во консултации со претседателот на Парламентот може да распише нови избори.

АКП на изборите на 7 јуни првпат го изгуби парламентарното мнозинство од 2002 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ