Ердоган го укина условот за старосна граница за пензионирање во Турција

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го укина условот за старосна граница за пензионирање, што ќе им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат.

Одлуката е донесена на помалку од шест месеци пред изборите во Турција.

Старосната граница за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 за мажи. Сега е нејасно колку ќе ја чини турската држава новиот систем. Но, Ердоган рече дека 2,25 милиони луѓе имаат право веднаш да се пензионираат. Во моментов во Турција има 13,9 милиони пензионери.

Владејачката Партија на правдата и развојот на Ердоган минатата недела ја зголеми минималната плата во земјата, како дел од кампањата за враќање на поддршката кај гласачите погодени од високата инфлација, падот на турската лира и падот на животниот стандард.

Клучните избори за Ердоган ќе се одржат во јуни следната година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски