Ердоган го предупреди НАТО: Не ja мешајте Алијансата во конфликтот во Украина

Од:

Алијансата не треба да биде дел од украинскиот конфликт, не треба да се пропушти можноста за мир, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средбата со генералниот секретар на НАТО – Марк Руте во Анкара.

Кабинетот на Ердоган соопшти дека турскиот лидер нагласил дека Анкара ги интензивирала напорите да стави крај на војната меѓу Украина и Русија со воспоставување траен и праведен мир и дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Тој изјави дека Турција силно го поддржува воспоставувањето сеопфатен прекин на огнот и стои на својот став дека НАТО не треба да биде дел од оваа војна и дека не смее да се пропушти можноста за мир“, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот лидер.

За време на средбата, двајцата претставници разговараа за односите меѓу Турција и НАТО, развојот на ситуацијата околу конфликтот меѓу Украина и Русија, регионалните и глобалните прашања.

Би можело да ве интересира

Путин – Ердоган: Интензивните борби на Блискиот Исток носат ризици што ги надминуваат границите на регионот

А1он

Ердоган: Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран

А1он

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Ердоган за конфликтот во Иран: Овој оган мора да се изгасне пред да се рашири!

А1он

Муцунски во Истанбул на средба со Ердоган

А1он

Трамп го покани Ердоган во „Комитетот за мир“

А1он