Ердоган го критикува турскиот претседател поради честитката до Сиси

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска го критикуваше претседателот на Турција, Абдула Ѓул поради писмото со честитки што го испрати до новиот шеф на египетската држава Абдел Фатах ал Сиси.

Ердоган наведе дека таквите писма се „бесмислени“. Тој ги критикуваше и европските држави поради нивните ставови за настаните во Египет.

– Западните земји и останатиот дел од светот не го оценија како преврат отстранувањето од власт на поранешниот претседател Морси, дури испратија и честитки до човекот кој дојде на власт по превратот, изјави Ердоган на средбата во Анкара со амбасадорите на ЕУ во Турција.

– Слични честитки немаат никакво значење, ние не можеме да ја поздравиме администрацијата, која дошла на власт по преврат, истакна Ердоган.

Ѓул пред две недели испрати честитки до Абдел Фатах ал Сиси. Писмото беше прв чекор кон официјален контакт откако поранешниот претседател исламист Мохамед Морси беше соборен од власт минатата година.

Ердоган е еден од најголемите критичари на соборувањето на Морси.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ