Ердоган: Америка ја откриле муслиманите, а не Колумбо

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Америка во 12-от век ја откриле муслиманите, речиси три века пред Кристофер Колумбо.

– Контактите меѓу Латинска Америка и исламот датираат од 12-от век. Муслиманите ја откриле Америка во 1178 година, рече Ердоган во говорот за време на самитот на муслиманските лидери од Латинска Америка во Истанбул.

– Муслиманските морепловци стигнале во Америка во 1178 година. Колумбо споменува постоење на џамија на едно брдо на кубанскиот брег, рече тој и додаде дека би сакал да разговара со „кубанските браќа за изградба на џамија на тоа место“.

Историските книги пишуваат дека 1492 година беше првиот странец кој стапна на американско тло на својот пат до Индија.

Муслимански историчари и теолози неодамна го доведоа во прашање тоа откритие, тврдејќи дека пред Колумбо стигнале муслимани, иако не постои ниту една откриена трага на нивното присуство.

Историчарот Јусуф Мруех објави во 1996 година напис во кој наведува дека Колумбо споменувал џамија на Куба.

Негови колеги веднаш ги отфрлија тие хипотези, тврдејќи дека „џамијата“ бил опис на Колумбо за пејзажот кој првпат го гледа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ