Експлозија и престрелки во Судот во Истанбул каде заложник е обвинителот Кираз

Од:

Од зградата на судот во Истанбул каде од попладнево членови на една турската левичарска група како заложник го држат обвинителот Мехмет Сели Кираз, вечерва се слушнаа ексползија и истрела, јавија турските медиуми.

Истите извори информираат дека околу судската зграда се распоредени припадници на специјалните сили на турската полиција, а пред задната врата на судот е паркирано амбулантно возило со вклучени сирени.

Засега нема информации за тоа што се случува во зградата. Претходно, Министерството за внатрешни работи на Турција на медиумите им забрани дирекно следење на заложничката криза, повикувајќи се на одредби од Законот за вонредни состојби.

Шефот на полицијата во Истанбул, Селјами Алтинок попладнево информира дека се водат преговори со двајцата припадници на групата Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С), кои го киднапираа Кираз.

– Правиме напори да нема жртви при решавањето на кризата, изјави Алтинок за НТВ.

Кираз е обвинител во процесот за убиството на тинејџерот Беркин Елван при протестите во паркот Гези во 2013 година.

Членовите на Револуционерната партија се заканија дека ќе го убијат Кираз доколку полицаецот осомничен за убиството на Елван јавно пред телевизија не го признае стореното дело.

ДХКП-С е пргласена за терористичка од Турција, ЕУ и САД, откако презеде одговорност за серија убиства и бомбашки напади во Турција во 70-те години од минатиот век.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ