Посмртни останки на 25 луѓе, за кои се претпоставува дека се косовски Албанци исчезнати за време на конфликтот во 1998 и 1999 година, беа ексхумирани од масовна гробница во селото Рудница, во близина на Рашка во јужниот дел на Србија.
Експертот за судска медицина од Приштина, Асим Гердалиу изјави дека ексхумацијата се извршува брзо, а тричлената косовска екипа се наоѓа во Рудница од 23 април.
– Очекуваме да бидат ексхумирани многу повеќе тела, по што ќе бидат испратени за ДНК анализи, истакна Гардалиу.