Економистите прогнозираат скок на цените и рецесија во Србија поради поплавите

Од:

Економијата на Србија ќе западне во рецесија, а цените брзо ќе почнат да растат, особено на прехранбените производи, поради поплавите, кои ја погодија оваа земја, прогнозираат економистите од списанието „Макроекономски анализи и трендови“.

– Имавме проблеми и пред поплавите, пред се станува збор за дупката во буџетот и јавните финансии. Сега тој проблем ќе биде дополнително продлабочен, изјави претставникот на Фискалниот совет Владимир Вучковиќ и додаде дека е јасно оти од раст со вредност нула, Србија ќе западне во рецесија.

Економистот Миладин Ковачевиќ нагласува дека ќе може да се очекуваат рестрикивни мерки, како на пример намалување на платите во јавниот сектор.

– Колку што знам институциите добиле наредба да се подготват за спроведување на таа мерка од 1 јули. Согласно солидарниот данок, намалувањето на платите за десет проценти би заштедило двојно повеќе пари, посочува Ковачевиќ.

Според економистот Гордана Цотиќ овогодишната земјоделска реколта ќе биде полоша во споредба со минатата година.

– Прво ќе бидат засегнати цените на непреработените продукти, овошје, зеленчук, месо, а ќе бидат погодени ќе бидат и житните култури, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ