Економист: Вучиќ по предвемените избори нов премиер

Од:

Првиот потпретседтаел на српската Влада Александар Вучиќ следната година ќе ја консолидира својата позиција и по веројатните предвремени избори, ќе го преземе водењето на Владата, објави Економист.

Весникот наведува дека тој денес е највлијателниот политичар во Србија популарен е заради тоа што избирачите него го гледаат како некој „кој се ставил себеси над личните и партиски интереси“ и „делува во широк национален интерес“.

– Неговата цел да се дојде до резултати во европските интеграции и борбата против корупцијата, импонира кај гласачите кои се навикнати на политичари кои даваат ветувања, но не ги исполнуваат, се вели во текстот со наслов Александар Вучиќ: Човек на задача.

Весникот пренесува и дека во последните две анкети 66 отсто испитаници го сакаат него за премиер. Неделникот потсетува и дека тој за време на последните парламентарни избори не фигурирал како клучен играч туку се било насочено кон Томислав Николиќ кој го победи Тадиќ.

– Вучиќ и Владата беа успешни во привлекување странски инвеститори, вклучително и арапски инвеститори од АбуДаби и Катар. Вучиќ може да биде и политички прагматичен, додава весникот.

– Под претпоставка дека Владата ќе отвори преговори со ЕУ во јануари, Вучиќ веројатно ќе бара предвремени избори во првата половина од 2014 година врз основа на кои ќе ја формализира својата позиција на најмоќен политичар во државата, оценува лондонски Економист.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ