ЕК: Во Бугарија 73,4 од локациите за капење имаат вода со одличен квалитет

Од:

Во Бугарија минатата година 73,4 отсто од 94-те локации за капење, кои биле подложени на проверка, се со одличен квалитет на водата, покажува денеска објавениот годишен извештај на Европската агенција за животна средина и на Европската комисија.

Како што јави БТА, со лош квалитет на водате се 3,2 отсто  од локациите за капење или три објекти. Со задоволителен квалитет се 91 од локациите, а со одличен се 69 места (73,4 отсто).

Во 2013 година 66 проценти од проверените места за капење во Бугарија биле со одличен квалитет на водата, а еден процент, односно само еден објект со лош квалитет.

Еден од главните заклучоците во извештајот е дека во Луксембург и во Бугарија сите води за капење во внатрешноста на земјата (езера и реки) се со одличен квалитет на водата. По нив се Данска со 95 отсто и Германија со 92 отсто.

Во Бугарија само четири од 94-те проверени места се внатрешни води, додека останатите 90 се крајбрежни.

Најдобар квалитет на вода на плажите во Европа имаат Кипар, Малта и Луксембург, каде сите места се одлични.

Кипар веќе неколку години ја предводи класификацијата. Сите 112 проверени крајбрежни места за капење се оценети со одлична оценка.

Квалитетот на водате е одлично оценет и во речиси 90 отсто од истражените места во Грција, Хрватска и Германија.

Земјите со најголем дел на води за капење, кои не ги исполниле стандардите на ЕУ се Естонија (5,6 отсто), Ирска (5,1 отсто), Холандија (4,9 проценти) и Шведска (3,6 отсто).

Во целина 95 отсто од проверените места во ЕУ ги покриваат минималните стандарди за квалитет на вода во 2014 година.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална