Европската унија инсистира Турција „итно“ да го запре илегалното преминување на мигрантите кон Грција, се наведува во извештај на Европската комисија.
Од минатата година околу 880.000 луѓе од Турција пристигнале во Грција и оттаму продолжиле кон Германија и други земји-членки на ЕУ.
Во извештајот на ЕК се посочува дека во јануари над 2.000 бегалци дневно влегле во ЕУ преку Турција.
– Во јануари во просек 2.186 луѓе секој ден пристигнувале од Турција во Грција, истакнува ЕК.
Турција до 1. јуни треба да го исполни договорот за реадмисија со ЕУ, а исто така треба да го подобри и исполнувањето на билатералниот договор за реадмисија со Грција.