ЕК информирана за пресудата на Санадер

Од:

Европската комисија е информирана за пресудата на Жупанискиот суд во Загреб против поранешниот хрватски премиер и лидер на ХДЗ, Иво Санадер, и повика во Хрватска да продолжи борбата против корупцијата на сите нивоа, пренесе Хина.

-Комисијата е информирана за пресудата за коруптивните случаи „ИНА-МОЛ“ и „ Хипо банка“, во кои беше инволвиран поранешниот премиер Иво Санадер. Борбата против корупцијата е еден од темелите на владеењето на правото во секоја држава. Хрватска направи огроемн чекор во оваа област, со солидната правна рамка и институциите, Комисијата ја повикува Хрватска да продолжи да се бори против корупцијата на сите нивоа, вклучувајќи ги и највисоките, како и да продолжи да гради оддржливи резултати во оваа област, изјави Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Санадер е прогласен за виновен за воено профитерство во случајот на „Хипо Алпе Адриа Банка“ и за земање поткуп во случајот „ИНА-МОЛ“ и е осуден на единственас казна затвор во траење од 10 години.

Тој има право на жалба.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби