ЕК: Албанија има потреба од дополнителни напори за исполнување на политичките показатели

Од:

Албанија има потреба за дополнителни напори за исполнување на политичките показатели за членство во Европската унија, се вели во годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата.

Албанија има добри успеси на патот кон членство со извршени неопходни промени. Државата покажува добри податоци за истрага и осуди на пројави на корупција и акции против организиран криминал се вели во документот.

Овогодинешните избори за парламентот биле во добро организирани и спроведени. Комисијата препорачува Албанија да добие статус на кандидат за членство во ЕУ со ветување за продолжување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

За да почне преговори, Тирана треба да изврши приомени во областа на администрацијата, владеење на законите и почитување на основните права.

Политички дијалог е решавачки за успех на реформите се додава во документот. Како успех се набројани промени во судството и слободата на изразување. Се препорачува од страна на ЕК и подобрување на регионалната соработка. Комисијата дополнува дека државата треба да го подобри законодавството поврзано со правото на сопственост.

 

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он