Египет го признава Косово

Од:

Египетскиот потпретседател Пакинам Хасан Калил Ел Шаркави денеска пристигна во посета на Приштина, каде најави дека неговата земја наскоро ќе ја признае независноста на Косово.

За време на посетата тој оствари средба со претседателот на косовскиот Парламент Јакуп Красниќи. На состанокот станало збор за унапредување и интензивирање на билатералните односи меѓу Египет и Косово.

Ел Шаркави истакна дека политичките реформи и демократизацијата на Египет позитивно влијаеле врз односот на оваа земја кон Балканот и Косово.

„Египетското признавање на косовската независност ќе ги поттикне и другите земји, кои се уште не го направиле тоа, да ја признаат оваа држава. Тоа ќе го забрза приемот на Косово во ОН“, изјави Красниќи.

Тој, потсети на историските врски меѓу албанскиот и египетскиот народ, нагласувајќи дека взаемните посети на официјални претставници ќе ги зајакне добрите односи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина