Непознато маскирано лице отвори оган врз група луѓе во хотел во близина на турското летувалиште Бодрум, а едно лице е убиено, јави Анадолија.
Маскираното лице пукало врз луѓето додека се одмарале во градината во еден хотел во реонот Датча, во близина на одморалиштето Бодрум на југозападот на Турција.
Убиено е едно лице, додека двајца се повредени, додава Анадолија.
Полицијата трага по напаѓачот, а се уште нема информации дали се работи за терористички напад.