Една третина од Грците на прагот на сиромаштијата

Од:

Грција е на четврто место меѓу 28-те членки на ЕУ, со највисок процент на своите граѓани кои се наоѓаат на прагот на сиромаштијата, пишува грчкиот печат, повикувајќи се на статистичкиот институт во земјата ЕЛСТАТ.

Податоците покажуваат дека 34,6 отсто од Грците или 3,79 милиони лица минатата година живееле на прагот на сиромаштијата.

Весникот „Етнос“ наведува дека полоши од Грција се Бугарија (49,3 отсто), Романија (41,7 отсто) и Летонија (36,2 отсто).

Показателот за прагот на сиромаштијата во Грција постојано се зголемувал од 2010 година, откако земјата навлегува во режим на кредити и ја добива првата надворешна финансиска инјекција за излез од кризата.

Според ЕЛСТАТ другите земји од ЕУ, кои биле принудени да земаат кредити и биле на прагот на сиромаштијата се Ирска, Шпанија, Кипар и Португалија.

Петте држави со најнизок процент на сиромаштија во ЕУ се Холандија, Чешка, Шведска, Финска и Луксембург.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија