Претседателот на Албанската социјалистичка партија Еди Рама се прогласи за победник на парламентарните избори што се одржаа во неделата.
Рама изјави пред новинари дека победата на неговата партија претставува „голема промена“ за Албанија.
По преброени 90 отсто од избирачките ливчиња, Избирачката комисија соопшти дека опозицијата добила 57,7 отсто гласови додека десноцентристите на премиерот Сали Бериша – 39,4 отсто гласови.