Лидерот на албанските опозициски социјалисти Еди Рама е избран за потпретседател на Социјалистичката интернационала.
Веста ја соопшти лично тој на социјалната мрежа „Твитер“ додавајќи дека се чувствува горд што е избран на оваа значајна функција, јави дописникот на МИА од Тирана.
– Со гордост за нашето политичко семејство, Социјалистичката партија, ве информирам за мојот избор за потпретседател на Социјалистичката интернационала. Овој избор е најголема награда за се она што го имаме направено заедно во изминатите години. Ви се заблагодарувам на сите, напишал Рама на „Твитер“.
На чело на Социјалистиката партија, Рама застана кон средината на 2005 година, кога од оваа функција се повлече Фатос Нано. Оставката на Нано, кој цели петнаесет години беше на чело на социјалистите, следеше по поразот на парламентарните избори.