Мирко Велимировиќ, еден од осомничените за планирањето терористичките напади на денот на парламентарните избори во Црна Гора и напад врз поранешниот премиер Мило Ѓуканович, ја призна вината, откако потпиша спогодба со Специјалното обвинителство, јави Танјуг.
Велимировиќ пред црногорските иследници открил дека се подготвувале немири ноќта на 16 октомври, а потоа детално го објаснил планот. Тој имал задача да доставува, складира и да го чува оружјето и да пренесува пораки, кои ги добивал преку Александар Синѓелиќ.
Синѓелиќ е обвинет дека е еден од организаторите на планираниот терористички напад. Минатата недела тој добил статус на сведок соработник во процесот, што се води против руските државјани Едуард Владимировиќ Ширков и Владимир Николаевич Попов.
Руските државјани се обвинети за создавње криминална организација, која планирала напади во Црна Гора на денот на парламенарните избори на 16 октомври.