„Џумхуриет“ објавува четири страници од новиот број на „Шарли ебдо“

Од:

Турскиот опозициски весник Џумхуриет ќе објави во денешниот број прилог на четири страници во кој ќе биде препечатен дел од новото издание на францускиот сатиричен неделник Шарли ебдо.

Главниот уредник на Шарли ебдо, Жерар Биар изјави првично дека Џумхуриет целосно ќе го препечати со превод новиот број на Шарли ебдо и ќе го продава заедно со своето издание денеска.

– Ако требаше да изберам само еден медиум со кој сакам да работам, тоа е точно тој весник бидејќи Турција се соочува со тежок момент, изјави Биар.

По дискусии во редакцијата, било одлучено да се препечатат само четири страници од Шарли ебдо.

На насловната страница на новиот број на Шарли ебдо, прв по масакрот во редакцијата во минатата недела, е пророкот Мухамед облечен во бело и држи порака – Јас сум Шарли.

Весникот Џумхуриет е основан во 1924 година од близок соработник на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк и е силно опозиционерски на власта на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Весникот беше  цел на голем број напади.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски